Велес примамлив за српските инвеститори

Bez autora
Apr 08 2010

Велес станува се повеќе примамлив за српските инвеститори. Деловните врски се обновуваат откако соработката помеѓу велешкото и стопанството од повеќе градови од соседна Србија, поради распадот на екс Југославија, повеќе години беше во прекин. Некогаш "Порцеланка", агрокомбинатот "Лозарр, индустријата за текстил, Топилницата, "Брако" и други компании, половината од своето производство го пласираа во Србија. Само "Порцеланка" во стоковната куќа "Београд" годишно продаваше повеќе од 2.500 кобалтни сервиси за ручање. Стопанствениците од Велес велат дека оваа соработка треба да се обнови и да продолжи. Ваков став делат и Македонија и Србија. Српските инвестиции во Македонија, моментално изнесуваат околу 40 милиони долари, додека македонските во Србија се шест пати помалку. При неодамнешната посета на Велес, амбасадорот на Србија во Македонија, Томислав Ѓуран обелодени дека една од неговите задачи е зголемување на економската соработка помеѓу српските и македонските компании.

Велес примамлив за српските инвеститори

Велес станува се повеќе примамлив за српските инвеститори. Деловните врски се обновуваат откако соработката помеѓу велешкото и стопанството од повеќе градови од соседна Србија, поради распадот на екс Југославија, повеќе години беше во прекин. 

Некогаш "Порцеланка", агрокомбинатот "Лозарр, индустријата за текстил, Топилницата, "Брако" и други компании, половината од своето производство го пласираа во Србија. Само "Порцеланка" во стоковната куќа "Београд" годишно продаваше повеќе од 2.500 кобалтни сервиси за ручање. Стопанствениците од Велес велат дека оваа соработка треба да се обнови и да продолжи.

Ваков став делат и Македонија и Србија. Српските инвестиции во Македонија, моментално изнесуваат околу 40 милиони долари, додека македонските во Србија се шест пати помалку. При неодамнешната посета на Велес, амбасадорот на Србија во Македонија, Томислав Ѓуран обелодени дека една од неговите задачи е зголемување на економската соработка помеѓу српските и македонските компании. Според него, Велес како центар во кој се вкрстуваат сите патишта, и кој во минатото имал соработка со поголем број фирми, има приоритет бидејќи има огромен потенцијал за привлекување на инвестиции од Србија..

-Со визната либерализација на двете земји се очекува годинава покрај Велес да поминат околу два милиони српски граѓани. Навистина е штета да поминат толку голем број туристи покрај транзитен Велес, а да нема туристичка содржина - вели амбасадорот Ѓуран.

Градоначалникот на Велес, Горан Петров, смета дека покрај транзитниот туризам за српските инвеститори секако дека се интересни и двете изградени индустриски зони во близина на автопатот и поволностите кои локалната самоуправа им ги нуди на инвеститирите. 

-Во делот каде што имаме ингеренции, Општината ќе ги спушти даноците на најниско ниво. Во оној дел, пак, каде што државата ги собира даноците и со закон се одредени, тука ние ништо не можеме да интервенираме. Меѓутоа, самото уредување и обезбедување на инфраструктурата е доволен показател дека Општината пружа услови за развој на нови бизниси. Она што е во делот на ингеренциите на локалната самоуправа, максимално ќе им го дадеме на потенцијалните инвеститори - вели градоначалникот Петров.

Позначајна српска инвестиција во Велес, нема. Општинското раководство во оваа и наредната година очекува меѓу првите соработка да започнат стопанствениците од некогаш збратимените градови - Ужице и Врбас, како и од Лесковац, Бор, Крагуевац и други градови. Со изградбата на двете индустриски зони, со близината на автопатот, железничката линија, како и со се уште непрекинатите контакти, во Велес веруваат дека во скоро време српски стопанственици ќе инвестираат во изградба на нови објекти. Србија е меѓу првите надворешни трговски партнери на Македонија со реализирана вкупна размена од над 6,8 милијарди американски долари во последниве девет години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik